| четврток, 6 декември 2018 |

Дијаспората испрати 15.000 евра помош- се чека на добротворни забави и балови

omd

Македонската дијаспора успеала во својата акција да собере и испрати 17.000 американски долари помош за погодените региони во катастрофалната поплава која однесе и над 20 животи. Во соопштението се наведува дека за два дена пари донирале 243 донори од Австрија, Австралија, Белгија, Босна и Херцеговина, Канада, Германија, Унгарија, Израел, Македонија, Црна Гора, Холандија, Србија , Шведска, Швајцарија, Велика Британија и САД. Изброено во евра, валута која е поблиска за разбирање на сумата, Македонците ширум светот успеале да соберат, односно во прв момент да одвојат се на се 15.242 евра! Или ако се поделат на овие 243 доброчинители Македонци по потекло низ светот, излегува дека секој од нив одвоил по неполни 63 евра.

Ако на овие 15.242 евра се додадат и оние 1.000 австралиски долари или 692 евра, Македонците во светот собрале 15.305 евра за настраданите над 5.000 семејства во поплавите во Македонија.

slika dijaspora

Од Обединетата македонска дијаспора, соопштуваат дека 100 % од парите директно биле доделени на Црвениот крст во Македонија, а помошта веднаш да била дистрибуирана до погодените од поплавата.

За споредба, пак, Каролина Гочева од Македонија сама донираше 1.000 евра. Со  тоа скоро двојно ја надминува донацијата од Австралија. Тука е наведена бидејќи е име со кое се гордеат нашинците во светот. А такви како неа кои несебично помагаат ги има многу повеќе. Донациите од компаниите и граѓаните надминуваат стотици илјади евра во пари и потребните средства, што секако ќе им се ублажи болката на оние чии домови ги однесе водата.

panco

И овие 15.305 евра ќе бидат поделени онаму каде што треба. Помошта е добредојдена од каде и да пристигнува. Па и да се работи за само 17 долари во евра. Не е дека се „фаќа кусур“ во вакви моменти, но мора да се признае дека кога се работи за помош, се работи за сега и веднаш. Но, чекањето да се организираат добротворни балови и игранки додека 5.000 семејства со деца, трудници, болни, старци стојат во вода до колена е, без претерување, е игра со достоинството на сонародниците во Македонија.

Трагедијата бара брза реакција, а не за забави и балови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top