Машиновозачот морал да се однесува како обичен учесник во сообраќајот иако општо е познато дека секое шинско возило има предност во однос на патно, освен во случај ако тоа патно возило нема вклучена сина или сино-црвена ротациска светилка.
Тој во еден момент застанува пред самиот премин и му труби на возилото и велосипедистот, кои не се одѕиваат на сирената и преминуваат преку пругата.
Снимката е направена на преминот во близина на касарната „Јужни логор“ каде што рампата не функционира со месеци, а најопасна е во текот на ноќта, околу самата пруга на тоа место каде нема нигде светлина.
-Сите машиновозачи се запознаени со неисправноста и добија наредба како да постапуваат. Ќе го сопрат возот, ќе даваат звучни сигнали за предупредување и дури отпосле ќе преминат со минимална брзина преку пружниот премин. Очекуваме рампата да проработи денеска – вели Југмедин Жарко Крстиќ од Медијацентарот на Железницата на Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)