| четврток, 6 декември 2018 |

Жителите на Стајковци се соочуваат со штетите: Најпотребно ни е да се ослободат улиците (Видео)

По невремето кое го зафати Скопје во саботата, едно од најпогодените места, скопското село Стајковци, се соочуваа со штетите кои поплавите ги оставија зад себе.

Во селото и денеска сите беа на нозе, беше полно со членови на Армијата, кои им помагаат на жителите во расчисувањето, а тука беа и волонтерските екипи, кои беа распоредувани од штабот на АРМ.

Влезот на селото беше затворен за сите возила освен за камионите кои работеа на расчисувањето и санацијата на штетите. Како што оцени и месното населени кое е најпогодено од оваа незгода, она што сега е најпотребно е да се оспособат и ослободат улиците за да може да се изнесат целиот шут и насобраната кал што ги остави поплавата.

Екипа на „Република“ денеска го посети селото, а ова се изјавите на дел од жителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top