„Делије“, навивачката група на српскиот фудбалски првак Црвена Звезда, уште еднаш категорично го искажаа својот став против формирањето на Регионалната фудбалска лига, идеја што се заговара веќе подолг период, а би можела набрзо да добие своја реализација. Малку и провокативно, фановите на Црвена Звезда порачаа дека со одредени ривали, а меѓу нив и македонскиот првак Вардар, би можеле да играат само во Суперлигата на Србија.
– Со Хајдук, Ријека, Зрињски, Осијек, Вардар, Будуќност, Скадар….Само во Суперлигата на Србија, а до тогаш – спортски поздрав – гласеше паролата на „Делије“ која беше истакната на нивната северна трибина на вчерашниот меч меѓу Црвена Звезда и Вождовац, токму во рамките на српската Суперлига.
Можеби со оглед на конкуренцијата, „Делије“ стравуваат дека Црвена Звезда и нема да биде при врвот на новоформираната Регионална лига?!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.