Монасите од планината Атос во Грција го отфрлаат договорот меѓу Македонија и Грција.
Информативниот сервис на фондацијата Про Ориенте од Виена пренесе изјава на асоцијацијата Хиера Синаксис која вклучува монаси од сите 20 манастири на Атос според која “Светата заедница на планината Атос со тага и жалење се осврнува на договорот за името со кое се нарекува соседот”.
Монасите од Атос како чувари на духовната и културната традиција не можат да прифатат луѓето во соседната земја да ја користат грчката историја и традиција.
Тие се надеваат дека “политичарите ќе се просветлат, ќе разберат дека прават грешки и ќе ги поправат”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот