| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: „Турски тeк“ ќе биде финансиран 50:50 од Турција и Русија

erdoganТурскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција и Русија постигнале договор за заедничко финансирање на изградбата на гасоводот „Турски тeк”, според моделот 50:50.

Како што јави ТАСС, на средбата на Ердоган со рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург во втроникот е договорено да се возобнови работата на проектот.

Со тој преддоговор е предвидено и создавање на работна група и изработка на мапи.

turski tekТурскиот амбасадор во Москва, Умит Јардам во исто време најави дека преговорите за проектот „Турски тeк“ ќе продолжат „со нов сили во текот на претстојните недели“.

– Решивме активно да ги интензивираме контактите во врска со „Турскиот тeк“. Двете земји имаат различен поглед кон проектот, за што ги почнавме преговорите уште пред кризaта, изјави Јардим.

gasovodСпоред планот, од Русија до територијата на Турција гасоводот ќе минува по дното на Црното Море. Доколу преговорите завршат успешно, првата делница од гасоводот би можела да биде изградена веќе во декември 2019 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top