| четврток, 6 декември 2018 |

Отворени пунктови во општина Ѓорче Петров за помош на загрозените од поплавите

gorce punktovi

Отворени се два пукнта во Ѓорче Петров за донирање на граѓаните од општината за настраданите делови од градот Скопје. Граѓаните своите донации ќе може да ги оставаат во ООУ „Мирче Ацев“ и ООУ „Страшо Пинџур“ од 8:00 до 20:00 часот секој ден. Како што информираат од општината потребни се флаширана вода, гумени чизми, пелени за деца, конзервирана храна и средства за хигиена.

Од таму, исто така, информираат дека до 10 август до општинската Комисија за проценка на штети од невремето поднесени се околу 100 пријави за направена штета на ниво на општината, а комисијата досега посетила дваесетина домаќинства.

Комисија за проценка на штети од невремето во Ѓорче Петров, овластена од Советот на општината е на терен за проценка на штета по пријави од граѓаните и како што информиаат прави напори во најкратот можен рок да се посетат сите поднесители на пријави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top