Отворени се два пукнта во Ѓорче Петров за донирање на граѓаните од општината за настраданите делови од градот Скопје. Граѓаните своите донации ќе може да ги оставаат во ООУ „Мирче Ацев“ и ООУ „Страшо Пинџур“ од 8:00 до 20:00 часот секој ден. Како што информираат од општината потребни се флаширана вода, гумени чизми, пелени за деца, конзервирана храна и средства за хигиена.
Од таму, исто така, информираат дека до 10 август до општинската Комисија за проценка на штети од невремето поднесени се околу 100 пријави за направена штета на ниво на општината, а комисијата досега посетила дваесетина домаќинства.
Комисија за проценка на штети од невремето во Ѓорче Петров, овластена од Советот на општината е на терен за проценка на штета по пријави од граѓаните и како што информиаат прави напори во најкратот можен рок да се посетат сите поднесители на пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода со хуманитарна помош за семејството Христови од Припор
-
ВМРО-ДПМНЕ ја има најквалитетната програма до сега и гарантира за реализација на проектите
-
Донација и експертска помош од Израел за поплавите во скопскиот регион
-
Може да се обработува почвата во поплавените скопски подрачја