Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза” во соработка со Црвен крст на Град Скопје постави пункт за донации за граѓаните од поплавените подрачја. Пунктот се наоѓа на плоштадот Македонија, пред спомен-плочата на Мајка Тереза.
Како што соопшти граѓанската асоцијација, приоритетна помош се средства за хигиена и дезинфекција и конзервирана храна, а потребни се и волонтери за собирање на донациите и испраќање на помошта до Момин поток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.