| четврток, 6 декември 2018 |

Нов пункт за помош на поплавените на плоштадот Македонија

Punkt za pomos

Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза” во соработка со Црвен крст на Град Скопје постави пункт за донации за граѓаните од поплавените подрачја. Пунктот се наоѓа на плоштадот Македонија, пред спомен-плочата на Мајка Тереза.

Како што соопшти граѓанската асоцијација, приоритетна помош се средства за хигиена и дезинфекција и конзервирана храна, а потребни се и волонтери за собирање на донациите и испраќање на помошта до Момин поток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top