Пол Погба го чинеше Манчестер јунајтед огромни 90 милиони фунти, но за очекување е „црвените ѓаволи“ да вратат огромен дел од овие средства од продажбата на дресови на своето најново суперзасилување ширум светот.
Еден дрес на Јунајтед со испечатен број 6 и Погба на грбот чини 72 фунти, а меѓу првите купувачи беше мајката на Французинот, Јео Мориба. Таа купи десетина дресови од својот син, кои најверојатно ќе бидат искористени како подароци за најблиските.
Токму таа беше „најзаслужна“ што Погба пред четири години си замина од „Олд трафорд“, откако самата обелодени дека по состанокот со останатите синови донела одлука Пол да се пресели во Јувентус. Тоа се покажа како вистински избор, но сега кога Погба повторно е дел од Манчестер јунајтед, мајката со гордост почна да ги купува дресовите и сувенирите за својот син.
Неофицијално, раководството на Манчестер јунајтед планира до крајот на годинава да продаде над еден милион дресови од Пол Погба, со што гигантот од „Олд трафорд“ би ги вратил речиси сите пари што му ги плати на Јувентус за трансферот на 23-годишниот фудбалски генијалец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.