Ерлендер 10 е најголемото летало на светот, кое претставува хибрид меѓу авион и цепелин а вчера, за прв пат излезе од хангарот во Бедфордшир во Британија, пренесе БИ-БИ-СИ. Тоа беше премиера на леталото долго 92 метри кое чини 25 милиони фунти.
Името на ова летало е Марта Гвин, а тоа е добиено според името на сопругата на директорот на британската компанија и производител на леталата ХАВ.
Повеќето тестови беа направени минатата недела, а датумот на првиот лет се уште не е познат. Ова име за летелото е одбрано, бидејки носи 10 тони товар.
Леталото е за 18 метри подолго од најголемите патнички авиони. Би-Би-Си пренесува дека тимот кој вредно работел на леталото, е убеден дека тоа ќе има повеќестрана намена, од надзор, комуникации, теретен сообраќај, хуманитарни мисии и превоз на патнци.
За разлика од обичните авиони за ова летало не е потребна писта и може да слета на повеќе површини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)