| четврток, 6 декември 2018 |

Се молев децата да ми преживеат – четири метри високи бранови го поклопија селото (Видео)

Страшното лаење на кучето Арап предупредувало за лошо. Почнал ветрот, пристигнал и дождот, така почна сè, раскажува Дарко. Неговата куќа била прва на удар на невремето, од тука тргна феноменот со моќ на цунами и продолжи да пустоши кон селата надолу, пренесува „Канал 5“.

Исплашени стоеле на прагот на куќата четирите мали дечиња, неговиот свет, дали ќе преживеат. Од прозорците гледал како пониско изградената куќа на братот се полни со вода.

По невремето штетите биле огромни, автомобили искршени, скапа земјоделска механизација целосно неупотреблива. Од денеска за првпат во селото има струја. Многу луѓе помогнаа. Во овој момент најпотребни се средства за дезинфекција.

Најстрашна вест е дека четворица од селото починале. Удавени домашни животни, и со денови го немало омилениот Арап, тага како за починат човек.

Војската од куќите помагаше да се исчисти калта. Секоја куќа е со шокантна приказна. Мајката на Темелко за секунда ќе се удавела. Соседите до нив цела ноќ стоеле до врат во вода.

Жителите од ова село велат дека им се потребни фрижидери, бидејќи немаат каде да ја чуваат храната на топлото време. Благодарни се за помошта и што не се заборавени. Жалат за загубеното, но најмногу за удавените соседи од селото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top