| четврток, 6 декември 2018 |

Нова сензација на тениските терени во Рио, По Ѓоковиќ падна и Серена Вилијамс

serena vilijams

Нова тениска сензација се случи на олимпискиот турнир во Рио де Жанеиро. По Новак Ѓоковиќ на машкиот турнир, елиминирана е и Серена Вилијамс, најдобрата светска тенисерка, и тоа во осминафиналето. За чудото се погрижи украинската тенисерка Елина Свитолина, која ја совлада Американката Серена Вилијамс со 2-0 во сетови.

Во првиот сет, Серена Вилијамс дури три пати го загуби својот сервис, наспроти еден брејк што успеа да и направи на Свитолина, па Украинката го доби со 6-4 во гемови. Во вториот сет, Американката продолжи со нервозната игра, имаше дури 37 неизнудени грешки и Свитолина тоа знаеше да го искористи, комплетирајќи ја сензацијата со 6-3 во гемови. Серена Вилијамс, заедно со својата сестра Венус, е во „аут“ и во игра на двојки.

Претходно, елиминација доживеа и третата носителка Гарбине Мугуруза (Шпанија), која загуби од Моника Пуиг од Порторико со неверојатни 6-1, 6-1.

Сега најдоброрангирана тенисерка е втората носителка Анжелик Кербер (Германија) која во четвртфиналето ќе ги одмери силите со Јоана Конта (В. Британија).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top