Емилија Цветковска (40) е кумановката која успеа да ја преживее поплавата во скопскиот регион. Неа ја спасило семејството Крстиќ во Стајковци. Приказната ја објавува телевизиата „Сител“.
Емилија во критичниот момент се враќала од работа. Кај скопска обиколница во еден момент со возилото се нашла во вода. Излегла од автомобилот и почнала да плива низ студената вода. Во еден момент Емилија вели дека била вовлечена во вртлог како на филм, а малку подоцна водата ја исфрлила на мирно место. Тогаш ги видела првите куќи во Стајковци и почнала пливајќи да се доближува. Кога стигнала до куќата на Крстиќ тие вложиле натчовечки напори да ја спасат.
– Тие се на втор кат високо, се обидоа да ми дават раце, како на филм беше, 15 минути сакаа да ме спасат но не можеа. Им текна дека на првиот кат има мало прозорче и да ме вовлечат. Вода имаше многу , но тие ризикуваа да влезе водата внатре само за да можат да ме спасат мене – изјави Емилија Цветковска, преживеана во поплавата
Преку малиот прозорец на кујната успеале да ја вовлечат во куќата и да ја спасат од водата. Таа веднаша побарала да го информираат нејзиниот сопруг дека е на сигурно место. Прво ја стоплиле со ќебиња, се искапела и и биле дадени неопходни лекарства. Емилија преноќила кај Крстиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)