Општина Велес од вчера објави јавен повик со кој ги повикува сите хумани граѓани, индивидуални клубови, здруженија и организации масовно да се вклучат во акцијата и со физичка сила да помогнат во отстранување на штетите од поплавите. Општината обезбедува бесплатен превоз за среда. Поаѓањето е од пред општинската зграда во 8 часот.
Велешани веднаш ја покажаа хуманоста на дело. Освен помошта во вода, храна, средства за хигиена што ја донираа на штандовите поставени низ градот, тие самоорганизирано стигаат на помош во поплавените подрачја во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.