| четврток, 6 декември 2018 |

Болт добро се забавува во Рио: Освен редовните фотографии, не пропушта можност да одигра и самба (видео)

usein bolt

Најбрзиот човек на светот Јамајчанецот Усеин Болт сѐ уште не ги почнал натпреварувањата на Олимписките игри во Рио.

Тој ја користи секоја пригода надвор од тренинзите за добро да се забавува. Не пропушта можност да се фотографира со неговите фанови, а пред обидот да стигне до трета тројна титула на 100, 200 и на 4х100 метри, Болт беше на прес-конференција во центарот „Сидаде дес Артес“ во Рио, каде што прво ги забавуваше присутните со своите танцувачки квалитети.

Потоа, на посериозни теми, тој не сакаше многу да коментира дали се натпреварува во фер-спорт со сите допинг-скандали.

– Во животот ништо не е гарантирано. За тоа треба да се грижат другите. ВАДА и ИОК. Јас се натпреварувам и ја забавувам публиката. Но, мислам дека спортот оди во вистинска насока. Лошите ќе си заминат и треба да се има малку доверба. Ќе имаме чист спорт за неколку години – изјави Болт.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top