| четврток, 6 декември 2018 |

ЈП „Водовод и канализација“: Водата во кризните подрачја е исправна за пиење

voda

Водата во местата погодени од саботното невреме во Скопје е санитарно исправна за пиење, информира Центарот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, кој е задолжен за секојдневен надзор на водата за пиење од водоводниот систем на Град Скопје и утврдување на нејзината санитарна исправност. ­

Стручни тимови на Центарот беа вонредно ангажирани на ден 07.08.2016 (недела).

-Тимовите излегоа на терен за да извршат теренски мерења и да земат примероци на вода од мерните места, кои ги опфаќаат кризните подрачја, со акцент на зафатените од природната стихија. Резултатите од сите теренски мерења од аспект на механичко загадување (маснотија) и концентрација на резидуалниот хлор во системот беа во рамките на максимално дозволените концентрации, а лабораториските испитувања покажаа физичко­хемиска и микробиолошка исправност, во согласност со Правилникот за безбедност на водата за пиење (Сл.Весник на РМ бр.46 од 2008 година) – соопшти Центарот.

Оттаму посочуваат дека нивни тимови и во текот на вчерашниот ден повторно ги посетиле кризните подрачја и зеле примероци од вода за пиење. ­ Првичните резултатите од сите мерења укажуваат на санитарно исправна вода за пиење, посочуваат од Центарот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top