| четврток, 6 декември 2018 |

„Еј-Би-Си“ му го прекина преносот на Трамп кога ја нарече Клинтон основач на ИД (Видео)

Американската телевизиска мрежа „Еј-Би-Си“ го прекинала директниот пренос од настапот на републиканскиот кандидат за Белата куќа, Доналд Трамп во Дејтона Бич минатата седмица, во моментот кога ја спомена улогата на својата демократска противкандидатка Хилари Клинтона во подемот на екстремизмот во периодот кога беше државна секретарка од 2009 до 2013 година. Во својот говор Доналд Трамп укажуваше на контекстот на активностите на својата противкандидатка со зајакнувањето на позициите на исламистите на Блискиот исток и во северна Африка. Во тој момент преносот наеднаш е прекинат.

Capture8

-Видете ги Орландо, Сан-Бернандино, Светскиот трговски центар, погледнете што се случува во светот. Ние ѝ дозволивме на Исламската држава да ја заземе таа позиција. Тоа беше Хилари Клинтон … тие треба да ја наградат … како основач на Исламската држава – успеа да изговори Трамп до прекинот на сигналот.

Ова не е првпат Трамп да ја спомнува Клинтон во контекст на појавата на џихадистичката групација Исламска држава. Претходно во интервјуто за телевизиската мрежа „Си-Би- Ес“ кандидатот на Републиканската партија изјави дека Клинтон ја создаде Исламската држава со својата глупа политика и оти поради тоа треба да биде повикана на одговорност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top