Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на магистралниот пат Радовиш – Штип.
Се работи за седумдесет и двегодишниот Н.Ј. од с. Брод, кој загубил контрола над своето возило „мерцедес“, излетал од левата страна во насока надвор од коловозот и завршил во провалија, односно во Бучинска Река превртен на покривот.
Според информациите на полицијата, возачот Н.Ј. починал како последица на давење, додека четворицата сопатници, меѓу кои и 11-годишно дете, минале без никакви повреди.
На местото на несреќата е извршен увид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Прв пат отиде сам, без мене: Возачот на Дарко Лазиќ скршен од болка!