| четврток, 6 декември 2018 |

Со „мерцедес“ во провалија – загина возач кај Бучинска Река

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на магистралниот пат Радовиш – Штип.

Се работи за седумдесет и двегодишниот Н.Ј. од с. Брод, кој загубил контрола над своето возило „мерцедес“, излетал од левата страна во насока надвор од коловозот и завршил во провалија, односно во Бучинска Река превртен на покривот.

Според информациите на полицијата, возачот Н.Ј. починал како последица на давење, додека четворицата сопатници, меѓу кои и 11-годишно дете, минале без никакви повреди.

На местото на несреќата е извршен увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top