| четврток, 6 декември 2018 |

Нишани испрати телеграма со сочувство до Иванов

­

ниш

Претседателот на Република Албанија Бујар Нишани денеска упати телеграма со сочувство до македонскиот претседател Ѓорге Иванов по природната катастрофа што ја зафати Македонија.

Во телеграмата Нишани наведува дека со голема загриженост ги следи вестите за жртвите, повредените и за огромната материјална штета во поплавите предизвикани од невремето во неколку населби и села во Скопје. ­ Со длабока болка им искажувам најискрено сочувство на семејствата на загинатите и поплавените, Вам, на граѓаните на Скопје и на цела Македонија и Ве уверувам дека во овие тешки мигови јас и албанскиот народ сме со Вас и Владата на Македонија, стои во телеграмата. Нишани додава дека се надева на брзо надминување на оваа природна несреќа и враќање што побрзо на нормалниот живот на граѓаните на Скопје и цела Македонија. Инаку, Владата на Албанија денеска одлучи да испрати првична помош во износ од 100.000 евра за санирање на последиците во настраданите подрачја во Македонија. Владата претходно искажа подготвеност да помогне со се што може.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top