Министерството за внатрешни работи попладнево официјално го соопшти идентитетот на 21 лице починати во невремето, по завршената идентификациска постапка. Сите се пронајдени на подрачје на општина Гази Баба: 1. Бајрам Мустафа(1949) – Гази Баба;
2. Енес Мустафа(2014) – Гази Баба;
3. Катерина Митрова (1933) Гази Баба;
4. Ѓилмаз Мухареми (1940) с. Сингелиќ – Гази Баба;
5. Наде Илиевска (1955) с. Стајковци Гази Баба;
6. Блага Јовевска (1941) с. Смиљковци – Гази Баба;
7. Мурат Саити (1957) с. Сингелиќ – Гази Баба;
8. Марина ИвановскаВелиновска(1977) – Крива Паланка;
9. Јован Велиновски (2008) – Крива Паланка;
10. Жаклина Божиновска (1973) – Куманово;
11. Фуркан Фејзула (1987) – Гази Баба;
12. Сашко Митковски (1971) с. Црешево – Гази Баба;
13. Ќазим Исени (1933)– Гази Баба;
14. Љубица Димчевска (1935) с. Црешево – Гази Баба;
15. Земрије Синани (1985) – Гази Баба;
16. Ендрит Синани (2010) – Гази Баба.
17. Славка Илиќ (1956) – Гази Баба;
18. Томислав Илиќ (1950) – Гази Баба;
19. Мирче Митковски (1949) с. Црешево – Гази Баба;
20. Достана Димитриевска(1974) – Тетово;
21. Убавка Јовевска (1965) – Гази Баба.
По извршениот претрес на терен, а по претходно договорена динамика за работење, од страна на екипите на терен, а во согласност со насоките од дежурен јавен обвинител за подрачјето на Град Скопје, екипа во состав од ЕУМНА, крим полицијанасилен криминал, од месно надлежната полициска станица и тим од погребално Бутел беа пронајдени и идентификувани 21 починато лице сите македонски државјании. Сите се пронајдени на подрачје на општина Гази Баба, соопшти МВР. Претресот на теренот бил завршен вчера (7 август 2016) во 14 часот при што биле пронајдени неколку лица, како и лица кои настрадале во невремето, а во текот на ноќта биле пронајдени и повеќе тела на лица зафатени со поплавата. Притоа биле евакуирани околу 2000 лица и им била укажана медицинска помош на околу 500 лица. До денеска во 14 Секторот за внатрешни работи Скопје нема добиено пријава за исчезнати лица
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?