Катастрофалното невреме кое го погоди Скопје, спои многумина кои сакаат да помогнат во оваа тешка ситуација. Во акцијата за санирање на последиците од елементарната непогода која го погоди главниот град на Македонија, активно се вклучуваат и штитениците од КПУ „Идризово“ од машкиот и од женскиот дел, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и oпштината Гази Баба.
Помош за најпогодените места од поплавата стигнува од сите делови на нашата земја, а помош досега најави и нашиот северен сосед Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.