| четврток, 6 декември 2018 |

Роберт де Ниро добитник на наградата „Почесно срце на Сараево“

Американскиот актер Роберт де Ниро доаѓа во Сараево, Босна и Херцеговина каде што ќе го претстави култниот филм „Таксист“, на отворањето на 22. издание на Сараевскиот филмски фестивал.

Актерот, режиер и продуцент е двоен добитник на наградата „Оскар“, петпати номиниран за најпрестжната награда во филмскиот свет, награден со „Златен глобус“ во Сараево ќе ја прими наградата за животно дело за исклучителен придонес во филмската индустрија „Почесно срце на Сараево“ која се доделува првпат.

– Голема е честа Де Ниро да биде првиот добитник на „Почесно срце на Сараево“ за животно дело. Од моментот кога првпат се сретнавме пред десетина година, работевме на тоа тој да дојде во Сараево. Ете, дојде и тој ден  и многу сме возбудени – изјави Мирсад Пуриватра, директор на Сараевскиот филмски фестивал.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top