| четврток, 6 декември 2018 |

Бар да го прегрнам уште еднаш: Мајка објави снимка од несреќа во којашто ѝ загинал синот

Во текот на мотоциклистичката трка на островот Ман, во Ирското море помеѓу Англија и Ирска, 22-годишниот Луис Кларк загинал на ужасен начин кога друг мотоциклист со огромна брзина влегол во неговата трака и удрил директно во него.

Capture0

Тој момент во којшто моторот заедно со возачот се претворил во огромна пламена топка којашто експлодирала во небото бил забележан од страна на камера.

Скршената мајка на несреќно загинатото момче ѝ дала дозвола на полицијата да го објави видео записот со намера да ги опомене останатите возачи на важноста за придржувањето кон безбедносните правила во сообраќајот.

Дозвола дало и семејството на возачот на другиот мотоцикл којшто учествувал во сударот.

– Моите раце просто ме болат секој ден од копнеж да го прегрнат мојот син. Едноставно не можам да поверувам дека тој повеќе не е тука. Не сакам ниту една мајка да го почувствува она што јас го чувствувам денес, изјавила мајката на Луис Кларк за ИТВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top