Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган од митингот во Истанбил порача дека би одобрил повторно воведување на смртната казна доколку за тоа би се изјаснил парламентот по неуспешниот обид за преврат.
-Доколку нацијата донесе таква одлука, верувам дека политичките партии ќе ја прифатат. За тоа ќе одлучува парламентот со оглед дека носител на суверенитетот е народот, а јас однапред кажувам дека ќе ја одобрам одлуката на парламентот- рече Ердоган.
На оние кои укажуваат дека смртната казна е укината во ЕУ каде Турција е кандидат за членство, тој возврати дека таква казна постои во САД, Јапонија и во Кина.
-Смртната казна денеска постои во поголемиот дел од светот- вели претседателот на Турција, земја каде смртната казна постоеше до 2004 година. Во говорот на митингот под слоганот „Демократијата и мачениците“ Ердоган додаде дека мрежата на муслиманскиот свештеник Фетула Ѓулен мора да биде уништена на законски начин., Ѓулен е протеран во САД, а Анкара го обвини за превратот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.