Емил Димитриев претседателот на Владата и Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ се во посета на најпогодените подрачја во скопско. Димитриев и Груевски поради синоќешното невреме ги прекинаа годишните одмори.
Димитриев и Груевски се во придружба на министрите за здравство и за труд и социјална политика, Никола Тодоров и Диме Спасов. Тие информираа за помошта што им се доставува на локалните жители во Стајковци, Економија, Инџиково, Сингелиќ и останатите критични точки.
– Заклучивме да напрвиме листа на сите потребни артикли веднаш. За таа цел на владина седница формиравме заедничка комисија на министерствата за одбрана, внатрешни работи и труд и социјала, како и Црвениот крст. Се обратија и неколку соседни земји за помош, информира премиерот Димитриев.
Груевски сугерираше да се реагира што поскоро за обезбедување повеќе пакети помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)