| четврток, 6 декември 2018 |

Аеродром донира 3 милиони денари за поплавените во Гази Баба

На денешната вонредна седница на Советот на Општина Аеродром била донесена одлука за донирање финансиска помош за санирање на последиците од елементарната незгода на подрачјето на Општина Гази Баба во висина од три милиони денари, соопштија од Општината.

Ова е само дел од активностите што во текот на денешниот ден ги спроведе Општина Аеродром, по катастрофалното невреме што го зафати Скопје, при што имаше причинета материјална штета и на нејзината територија.

00392dad-4450-4860-860f-e0a3efb54fb4-640x427

Екипа на Општина Аеродром, предводена од градоначалникот Ивица Коневски, излезе на терен на поплавените подрачја. Притоа, беше формирана комисија за утврдување на штетите настанати од поплавата на територијата на Општина Аеродром.

Исто така, екипи на Општина Аеродром почнаа да градат насип со вреќи со песок покрај Усјанскиот канал, кој се излеа во текот на невремето и поплави неколку околни куќи.

За санација на свлечиштето што се појави покрај булеварот „Трета македонска бригада“, пак, ставени се сите расположливи средства и е издадено решение до изведувачот да ги санира последиците, а екипи на ЈП „Водовод и канализација“ се на терен за отстранување на дефектот, така што се очекува до крај на денот двете згради кои останаа без вода да бидат повторно снабдени.

f411a9f0-9f54-4213-86fa-9a1bc01b3f0c

Општина Аеродром, исто така, ги отвори и основните училишта на нејзина територија за собирање хуманитарна помош за настраданите од поплавените подрачја, така што граѓаните ќе може да донираат хуманитарна помош секој ден од 08:00 до 22:00 часот, при што најнеопходни се флаширана вода и храна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top