| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се предложи прогласување на вонредна состојба, екипите на терен спасиле 1.000 граѓани

todorovnikolaУправувачкиот комитет за справување со кризи којшто се состана утрово во Центарот за управување со кризи, ќе предложат до Владата прогласување на на кризна состојба во траење од 15 дена во скопскиот и тетовскиот регион, соопшти Вицепремиерот и Министер за здравство, Никола Тодоров. На состанокот било договорено да се формираат комисии за проценка на штета која веднаш ќе врши прценки, како што ќе се расчистува теренот.

Екипите кои 15 часа биле на терен спасиле 1.000 граѓани и се уште се отстрануваат последиците од силните невреме, а од утринава од 6 часот со хеликоптер се пребарува терентот за евентуални други жртви.

-Почнавме со ваква систематска активност со прочешлување на целиот терен. При овие пребарување беа најдени неколку починати лица во рамки на оваа бројка. Искрено сочувство до семејствата на сите кои претрпеа сериозна загуба, до сите граѓани на Град Скопје. Фокусирани сме на пребарување на целиот терен и извлекување на оние кои се во загрозениот регион, обезбедување на сместување, храна, вода, испумпување на надојдената вода од поплавените куќи- изјави Тодоров.

Досега официјално во невремето загинаа 17 лица, 22 се повредени и шест исчезнати, а неофицијално бројката на загинати достигнува и до 20 лица. Најпогодени се селата Стајковци, Сингелиќ, Арачиново и Смилковци.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски изјави дека екипите работат на терен, со механизација од јавните претпријатија, но и од приватни фирми се санираат штетите, се испумпува водата од подрумите и куќите .

Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, којашто беше најпогодена од невремето, соопшти дека формирани се два пункта за помош на граѓаните, едниот е диструбитивен во училиштето „25 Мај“ и таму оштетените ќе можат да добијат вода, храна и средства за хигиена и еден прифатен пукнт во училиштетот „Наум Наумовски – Борче“, каде ќе бидат прифатени сите граѓани чии домови настрадаа и немаат место каде да бидат сместени.

Од Центарот за јавно здравје препорачаа да не се пие водат од бунарите, да се пие флаширана вода и вода од цистерни, да не се употребува зеленчукот од поплавените дворови, децата да не играа во дворовите во поплавените подрачја и сите кои ќе почувствуваат некакви здравствени проблеми да се јават во прифатните центри или во Центарот за јавно здравје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top