| четврток, 6 декември 2018 |

ПСЖ продолжи онаму каде што застана, супериорно го освои Суперкупот на Франција (видео)

psz

Францускиот шампион ПСЖ и новата сезона ја започна исто како што ја заврши старата. Под водство на новиот тренер Унаи Емери, парижаните го освоија „Трофејот на шампионите“ – Суперкупот на Франција, со победата против Лион со 4-1 (3-0).

Мечот се одигра во Клагенфурт (Австрија), каде екипата на ПСЖ целосно го декласира вицешампионот. Хавиер Пасторе уште во 9. минута го отвори резултатот и ја искористи довербата од тренерот Емери. Десет минути подоцна Лукас Моура зголеми на 2-0, а дебитантот во дресот на шампионот, Хатем Бен Арфа во 34. минута ја најави катастрофата на фудбалерите на Лион. Четвртиот гол за шампионот го постигна левиот бек Курзава, повторно на асистенција на Пасторе. Се што стори Лион на овој дуел беше утешниот погодок на Толисо во 87. минута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top