Македонската кошаркарска репрезентација и се реваншираше на селекцијата на Бугарија за вчерашниот пораз, триумфирајќи со 74-78 (18-24,21-22,18-22,10-17) на вториот меѓусебен контролен дуел кој се одигра во Самоков во рамките од подготовките на двете селекции за квалификациите за Европското првенство.
По вчерашниот минимален пораз во кој резултатот воопшто не беше важен за селекторот Драган Раца, во денешниот неговите избраници беа решени да стигнат до победата. Проработе најсилното оружје на македонските репрезентативци, шутот од далечина и од самиот почеток Војдан, Дамјан и другарите ја преземаа иницијативата и успеаја да дојдат до висока разлика.
Во самиот финиш Бигарија се обиде да ја украде победата, но Магдевски со двете слободни фрлања и Дамјан Стојановски со тројка ја направија клучната разлика.
Најефикасен во македонскиот состав беше Дамјан Стојановски со 23 поени, но предводеше Војдан Стојановски со 20 поени, 10 скока и 4 асистенции. Натурализираниот Македонец, Тревис мечот го заврши со 14 поени, а 7 поени постигна Николовски. Кај Бугарија, по 16 поени постигнаа Бост и Костов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.