
Српската тенисерка Ана Ивановиќ очигледно уште е под импресиите на неодамнешната венчавка со германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, кратко траејќи и на Летните олимписки игри во Рио.
Ивановиќ го заврши својот настап на ЛОИ уште во првото коло од тенискиот турнир, откако загуби од Шпанката Карла Суарез Наваро со 2-6,6-1,6-2.
Српската тенисерка одлично го почна мечот, а потоа комплетно се распадна. Го доби првиот сет, а лесно ги загуби следните два. Ана игрите во Пекинг 2008 ги пропушти поради повреда, во Лондон 2012 заврши во третото коло, а сега дома оди уште по првата рунда натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


