| четврток, 6 декември 2018 |

Во ДИК пријавени 2.571 граѓанин со спорни записи

До Државната изборна комисија (ДИК) заклучно со денеска до 12 часот се пријавиле вкупно 2.571 граѓанин чии записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.

Од нив, како што соопшти ДИК, 1.003 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 1.568 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top