| четврток, 6 декември 2018 |

10.000 евра за секоја информација за напаѓачите во Косово

Косовската полиција нуди награда од 10.000 евра за полезна информација поврзана со лицата кои го извршија нападот врз зградата на Парламентот на Косово, јави дописникот на МИА.

– Во четвртокот во 23:05 часот, косовското Собрание со експпозивна направа беше гаѓано од далечина, а полицијата до доцна синоќа не успеа да ги пронајде сторителите, објави елекронското издание на весникот „Експрес“.

Според полицијата, пронајдено е средство за испукување на граната со кое се верува дека е извршен нападот. Исто така, во близина е пронајден запален мотоцикл, со кој се верува дека напаѓачите пристигнале и избегале од местото на настанот.

Во врска со нападот реагираше и специјалниот претствавник на ОН за Косово, Захир Танин. кој го осуди нападот и искажа убедување дека сторителте ќе бидат откриени и казнети.

– Ваквите криминални акти, како што е нападот врз Парламентот на Косово, кој за среќа предизвика само материјална штета, не треба да се повторат. Искажуваме целосна поддршка за државните авторитети во истрагата на овој случај, изјави Танин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top