| четврток, 6 декември 2018 |

Огнот е запален – нека почнат Игрите!

Со спектакуларна церемонија и палењето на олимпискиот оган на Маракана во Рио и официјално беа отворени 31. по ред Летни Олимписки Игри.

Проценето е дека скоро три милијарди луѓе низ светот го гледале Вандерлеи де Лима, поранешниот маратонец, како го пали олимпискиот оган.

До почетокот на Игрите, први што ќе се одржат во Јужна Америка, се стравуваше дека некој од скандалите ќе фрлат сенка најочекуваниот спортски настан, како рускиот допинг скандал, вирусот Зика, протестите, проблемите со безбедноста, инфраструктурата и објектите во градот,

Меѓутоа, организаторите се надеваат дека сега фокусот може да се префрли во акцијата на 28 спортови, со 207 екипи.

И Македонија има своја спортска делегација во Рио.

За Бразил отпатуваа Нина Балабан (спортско стрелаштво 10 м. воздушна пушка), Анастасиа Катерина Богдановски (пливање 200 метри слободно),  Катерина Николоска (џудо – 63 кгр), Марко Блажевски (пливање 200 метри мешано), Ристе Пандев (атлетика 100 метри) и  Дрита Исљами (атлетика 400 метри со пречки).

Македонското знаме на вечерашната церемонија на отварање на игрите го носеше Анастасиа Катерина Богдановска.

Преносот на натпреварувањата ќе може да се следи на Македонската радио-телевизија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top