| четврток, 6 декември 2018 |

Икеа се пошегува со сите кои своите оброци редовно ги објавуваат на интернет (Видео)

Духовитата кампања наречена „Ајде да се релаксираме“ прикажува семејна вечера во 18 век. Аристократско семејство се подготвува да вечера кога таткото, глава на семејството, во кујна носи сликар кој пред да започне вечерата мора да наслика се` што се наоѓа на масата, а потоа и да оди во село и да им ја покаже сликата на луѓето, кои мора да ја одобрат, што е своевиден еквивалент на денешниот лајк.

Со тоа Икеа одлучи да испрати порака до сите оние кои пред јадење имаат потреба да ја фотографираат својата чинија и да објават на социјалните мрежи. Пораката на крај вели: Тоа е само јадење. Не е натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top