| четврток, 6 декември 2018 |

Татко оставил близначиња во автомобил – кога се сетил, дотрчал до автомобилот, но бебињата биле мртви

dete

Петнаесетмесечни близначиња починаа во САД од изложеност на висока температура, откако таткото ги оставил во автомобил на сонце.

Аса Норт, татко на настраданите бебиња, уапсен е под обвинение за двојно убиство од небрежност, изјавил полицискиот портпарол во градот Каролтон, околу 80 километри одалечен од Атланта.

Полицијата добила повик да интервенира и го затекнала таткото како во блискиот базен се обидува да ги разлади децата, но по итното префрлање во болница, лекарите можеле само да констатираат смрт на близначињата. Полицијата случајот сè уште го води како смрт во прегреан автомобил, а треба уште официјално да се утврди причината за смртта.

Во местото каде што се случила трагедијата, температурата била повисока од 30 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top