Жига Липушчек (19), фудбалер од Словенија, кој ја преживеа стравичната сообраќајна несреќа во која загинаа двајца негови другари од тимот, рекол дека тој како совозач се обидел да го исправи воланот, но не успеал да го избегне ударот во семафорот.
Во несреќата загинаа Зоран Баљак(21) од Ваљево и возачот Дамјан Марјановиќ(20). Голманот Љубомир Моравац (19) е тешко повреден и лекарите морале да му ги ампутираат раката и ногата, но сè уште е во критична состојба и лекарите се борат за неговиот живот.
-Дамјан возеше, а јас седев на местото на совозач. При вклучување за автопат погледав лево и десно и сè беше чисто. Во еден момент Дамјан изгуби контрола над автомобилот и тргна на лево, а потоа одеднаш нагло го сврти воланот кон десната страна на патот. Многу се исплашив, низ глава ми мина сешто и во тој момент судирот беше неизбежен – рекол Жига.
Тој објаснил дека се обидел да му помогне на другарот да воспостави контрола врз возилото.
-Го фатив воланот како би го насочил автомобилот на другата страна и инстинктивно со ногата тргнав да кочам. Сепак со голема брзина удривме во семафорот. Беше морничаво – раскажал Липушчек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун