
Најдобрата кошаркарска репрезентација на Македонија денеска и утре во Самоков против домаќинот Бугарија ќе ги одигра првите пријателски средби во подготвителниот циклус за учество во евроквалификациите.
По дваесетина дена подготовки на кои акцентот беше ставен на физичката подготовка избраниците на селекторот Драган Раца со пријателските средби против Бугарија влегуваат во втората фаза од подготовките, на која ќе се работи на тактичко воигрување на тимот.
На контролките против Бугарија на кој резултатот нема да биде во прв план селекторот Раца ќе им даде шанса за игра на сите повикани кошаркари. Во црвено-жолтиот дрес на дуелите во Самоков ќе дебитира и новиот натурализиран Македонец, Ромео Тревис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


