| четврток, 6 декември 2018 |

Бразил не успеа да победи и со играч повеќе на стартот на Олимписките игри

nejmar

Бразилците полагаат големи надежи во својата олимписка фудбалска селекција која е предводена од ѕвездата Нејмар и неколку одлични млади фудбалери, но тие не успеаја на стартот од турнирот да ја совладаа селекцијата на Јужна Африка, играјќи 0-0. „Кариоките“ создадоа многу шанси, имаа неверојатни промашувања, но на крајот сепак мрежите мируваа.

Јужна Африка во вториот дел играше и со играч помалку поради црвениот картон на Мотоби Мвала, но и тоа не беше доволно за Бразил да стигне до триумф. Можеби мала утеха за нив е што и вториот меч од оваа група меѓу Данска и Ирак заврши без голови.

Најголемото утнување на средбата беше дело на Габриел Хесус, најновата инвестиција на Манчестер сити, кој го погоди дирекот наместо празната мрежа од само неколку метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top