Многу познати личности одлучиле да си го променат името.
Некои го направиле тоа затоа што имињата не им биле доволно звучни, па сакале полесно да бидат запаметени, а некои едноставно се срамат од своето име.
Нивните псевдоними се толку насадени во ушите на публиката што дури и не се сеќаваат како им е нивното вистинско име. Еве ги вистинските имиња на некои од популарните личности од јавната сцена.
Дара Бубамара – Радојка Аџиќ
Дара е една од популарните пејачки на сцената и во последно време многумина се шегуваат на сметка на нејзиното вистинско име. Некои и ја прашале како настанало нејзиното уметничко име, но пејачката не се упуштала во објаснување.
Џоле Џогани – Хамит Џогај
Малкуминиа знаат дека авторот на популарната група „Џогани фантастико“ всушност се вика Хамит. Кога ја започнал музичката кариера го променил своето име Џорџе, а презимето Џогај во Џогани.
Гаги Фанки Џи – Газмен Џогај
Гаги е роден 1971 година во Белград како Газмен, но поради својата кариера решил да си го промени името во Гаги.
Анабела Буква – Разија Буква
Поранешната сопруга na Гаги и поранешна пејачка во групата на Гаги „Фанки Џи“ денес е многу популарна. Анабела секога се петставувала како Анабела, но вистината е дека е родена во 1975 година во Босна како Разија.
Сека Алексиќ- Зухра Рамизај
Една од популарните пејачки на јавната сцена откако се појавила се претставува како Светлана Сека Алексиќ, но таа е родена 1981 година како Зухра Рамизај во Зворник. Кога ја започната музичката кариера си го ставила надимакот Сека по кој е денес позната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.