| четврток, 6 декември 2018 |

Што говори за вас првата буква од вашето име?

А – Ако на почетокот на името се наоѓа буквата А, тоа укажува дека овие луѓе се оригинални, независни, незадоволни, сериозни и во некои работи совршени. Можат да бидат независни, но, исто така, и тврдоглави, активни, љубопитни, со авантуристички дух, со изразени амбиции и отвореност. Секогаш се модерни, креативни и оригинални.

Е – Оваа буква на почетокот на името укажува на нежно здравје, покажува емотивна состојба, ведрина. Нејзина боја е бела. Донесува вибрација на отвореност, енергичност, импулсивност. Поседува доза на нетрпение, нервоза, темпераментност, и секогаш е во потрага по возбуда. Оваа буква носи и лоши навики, затоа бидете внимателни.

И – Буквата упатува на ведрина, сјај, иднина, уметност, но и напнатост, несигурност, нервоза. Нејзина боја е црвена. Носи вибрации на страст, емотивност, немир, изразена сочувствителност. Буквата И носи променливо расположение, но и чести патувања.

О – Значи тага и претерана емотивност, изразена е желбата за заминувања, упатува на совесност, забрана. Ако вашето име започнува на О, вие сакате да дарувате, да правите добри дела, да им помагате на другите, традиционални сте, но честопати и тврдоглави и незадоволни. О е знак на голема мудрост. Се однесува и на финансиски проблеми.

У – Донесува музика, учење, култура, пеење, но и бавност, загуба. Нејзина боја е зелена. У има вибрации на безгрижност, радост, лелеавост. Нагласена е интуитивност и срамежливост, понекогаш нерешителност, но и себичност и традиционалност. Оваа буква носи загуби, па потребно е екстра внимание во ризични ситуации. Внимателно со манипултори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top