| четврток, 6 декември 2018 |

Тие се срамат од сопственото име! Радојка, Газмен, Разија – знаете ли кои се?

Многу познати личности одлучиле да си го променат името.

Некои го направиле тоа затоа што имињата не им биле доволно звучни, па сакале полесно да бидат запаметени, а некои едноставно се срамат од своето име.

Нивните псевдоними се толку насадени во ушите на публиката што дури и не се сеќаваат како им е нивното вистинско име. Еве ги вистинските имиња на некои од популарните личности од јавната сцена.

 

Дара Бубамара – Радојка Аџиќ

дара

Дара е една од популарните пејачки на сцената и во последно време многумина се шегуваат на сметка на нејзиното вистинско име. Некои и ја прашале како настанало нејзиното уметничко име, но пејачката не се упуштала во објаснување.

Џоле Џогани – Хамит Џогај

djogani-1

Малкуминиа знаат дека авторот на популарната група „Џогани фантастико“ всушност се вика Хамит. Кога ја започнал музичката кариера го променил своето име Џорџе, а презимето Џогај во Џогани.

Гаги Фанки Џи – Газмен Џогај

Gagi-Djogani-620x350

Гаги е роден 1971 година во Белград како Газмен, но поради својата кариера решил да си го промени името во Гаги.

Анабела Буква – Разија Буква

anabela-bukva

Поранешната  сопруга na Гаги и поранешна пејачка во групата на Гаги „Фанки Џи“ денес е многу популарна. Анабела секога се петставувала како Анабела, но вистината е дека е родена во 1975 година во Босна како Разија.

Сека Алексиќ- Зухра Рамизај

сека

Една од популарните пејачки на јавната сцена откако се појавила се претставува како Светлана Сека Алексиќ, но таа е родена 1981 година како Зухра Рамизај во Зворник. Кога ја започната музичката кариера си го ставила надимакот Сека по кој е денес позната.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top