| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Калчовски: Базените не се виновни за појава на вагинални инфекции

Са­мо­то при­сус­тво на хлор во ба­зен­ска­та во­да ги уни­шту­ва си­те ба­кте­рии и ми­кро­ор­га­низ­ми. Ме­ѓу­тоа не се си­те ба­кте­рии и ми­кро­ор­га­низ­ми ло­ши за чо­веч­ко­то те­ло. По­сто­јат при­ја­тел­ски ми­кро­ор­га­низ­ми што се дел од нор­мал­на­та ва­ги­нал­на фло­ра и учес­тву­ва­ат во од­бра­на од ин­фек­ции. Во слу­чај на пре­ку­мер­но ко­ри­сте­ње на ба­зе­ни­те, по­стои мож­ност, по­ра­ди хло­рот, таа рам­но­те­жа во ва­ги­на­та да се на­ру­ши, ве­ли д-р Кал­чов­ски

Сѐ по­че­сто же­ни­те ба­ра­ат од сво­и­те ма­тич­ни ги­не­ко­ло­зи од­ло­жу­ва­ње на ме­сеч­ни­от цик­лус по­ра­ди лет­ни­те од­мо­ри. Ова не е не­што но­во, таб­ле­ти­те за од­ло­жу­ва­ње на цик­лу­сот по­сто­јат одам­на, но во пос­лед­но вре­ме се по­ве­ќе ба­ра­ни.

Од­ло­жу­ва­ње­то мо­же да се на­пра­ви со таб­ле­ти за кон­тра­цеп­ци­ја и со таб­ле­ти што со­др­жат ге­ста­гив­ни хор­мо­ни.

Со таб­ле­ти­те за кон­тра­цеп­ци­ја, глав­но, се спре­чу­ва не­са­ка­на­та бре­ме­ност, но тие мо­же да го ре­гу­ли­ра­ат и цик­лу­сот, од­нос­но по­че­то­кот на мен­стру­а­ци­ја­та. Та­ка, кр­ва­ве­ње­то мо­же да поч­не со пред­вре­ме­но пре­ста­ну­ва­ње на пи­е­ње­то ап­чи­ња. Цик­лу­сот мо­же да се од­ло­жи и до не­кој друг тер­мин ако по 21 ап­че се про­дол­жи со зе­ма­ње на таб­ле­ти­те од но­ва ку­ти­ја се­којд­нев­но тол­ку дол­го кол­ку што са­ка­те да се од­ло­жи цик­лу­сот.

Таб­ле­ти­те што со­др­жат ге­ста­гив­ни хор­мо­ни, глав­но, се при­ме­ну­ва­ат кај же­ни што, обич­но, не ко­ри­стат кон­ти­ну­и­ра­но ап­чи­ња за кон­тра­цеп­ци­ја. Се зе­ма­ат не­кол­ку де­на пред оче­ку­ва­ни­от цик­лус и се пи­јат тол­ку де­на кол­ку што се са­ка да се од­ло­жи цик­лу­сот. Ка­ко и кај дру­га­та орал­на кон­тра­цеп­ци­ја, штом ќе се пре­ста­не со зе­ма­ње таб­ле­ти, во рок од два-три де­на ќе на­ста­пи кр­ва­ве­ње, ве­ли д-р Ди­ми­тар Кал­чов­ски, спе­ци­ја­лист ги­не­ко­лог-аку­шер во „Не­у­ро­ме­ди­ка“ .

dr Dimitar Kalcovski IMG_9523 (Custom) (3)

Таб­ле­ти­те што со­др­жат ге­ста­гив­ни хор­мо­ни, глав­но, се при­ме­ну­ва­ат кај же­ни што, обич­но, не ко­ри­стат кон­ти­ну­и­ра­но ап­чи­ња за кон­тра­цеп­ци­ја, вели д-р Калчовски

 

Кои се нај­че­сти­те ин­фек­ции што ги на­па­ѓа­ат же­ни­те во лет­ни­от пер­и­од?

КАЛЧОВСКИ: Нај­че­сти ин­фек­ции кај же­ни­те не са­мо во ле­то, ту­ку и во те­кот на це­ла­та го­ди­на, на ге­ни­то­у­ри­нар­ни­от си­стем се ми­коп­лаз­ма, уре­оп­лаз­ма, кла­ми­ди­ја, кан­ди­да, ба­кте­ри­ал ва­ги­но­сис, гард­на­ре­ла ва­ги­на­лис и дру­ги. Си­те тие прет­ста­ву­ва­ат се­ксу­ал­но пре­нос­ли­ви бо­ле­сти, но во мал про­цент е мож­на за­ра­за и при не­со­од­вет­на хи­ги­е­на на жен­ски­те по­ло­ви ор­га­ни. Ко­ри­сте­ње ту­ѓи средс­тва за лич­на хи­ги­е­на и јав­ни то­а­ле­ти, исто та­ка, мо­же да би­дат из­вор на ин­фек­ции. Па­ци­ен­тки­те нај­че­сто се жа­лат на кан­ди­да­та, ко­ја, ина­ку, нор­мал­но ја има во ва­ги­нал­на­та фло­ра. Кан­ди­да­та се ја­ву­ва по­ра­ди опа­ѓа­ње на иму­ни­те­тот и на­ру­ше­на рам­но­те­жа во ва­ги­нал­на­та слуз­ни­ца.

 

Кол­ку се опас­ни влаж­ни­те ко­сти­ми за ка­пе­ње кај же­ни­те?

КАЛЧОВСКИ: Влаж­ни­те ко­сти­ми за ка­пе­ње кај же­ни­те нај­че­сто мо­же да пре­диз­ви­ка­ат ури­нар­ни ин­фек­ции, а тие по­тоа да се пре­не­сат и на ге­ни­тал­ни­от си­стем кај же­на­та (ва­ги­на­та, цер­ви­ксот, ма­тка­та). По­ра­ди са­ма­та ана­то­ми­ја кај же­на­та и бли­зи­на­та на ури­нар­ни­те па­ти­шта со ге­ни­тал­ни­от си­стем, че­ста е по­ја­ва­та на пре­не­су­ва­ње на ин­фек­ци­и­те од ед­ни­от на дру­ги­от си­стем. По­крај тоа влаж­на­та сре­ди­на пре­диз­ви­ка­на од ко­сти­мот за ка­пе­ње ја на­ру­шу­ва нор­мал­на­та рам­но­те­жа на ва­ги­нал­на­та фло­ра и до­кол­ку по­стои ин­фек­ци­ја мо­же да ста­не ма­ни­фест­на. Се пре­по­ра­чу­ва да се ко­ри­стат ко­сти­ми за ка­пе­ње од при­род­ни ма­те­ри­ја­ли или ма­те­ри­ја­ли што се су­шат бр­зо.

 

Ле­ка­ри­те че­сто со­ве­ту­ва­ат да се из­бег­ну­ва­ат ба­зе­ни од страв да не дој­де до ин­фек­ци­ја. Кои ин­фек­ции нај­че­сто се до­би­ва­ат и ка­ко се ле­ку­ва­ат?

КАЛЧОВСКИ: Ко­ри­сте­ње­то на ба­зе­ни­те са­мо по се­бе не мо­же да пре­диз­ви­ка ва­ги­нал­ни ин­фек­ции, по­ра­ди ре­дов­но хло­ри­ра­ње и де­зин­фи­ци­ра­ње на во­да­та во нив. Са­мо­то при­сус­тво на хлор во ба­зен­ска­та во­да ги уни­шту­ва си­те ба­кте­рии и ми­кро­ор­га­низ­ми. Ме­ѓу­тоа не се си­те ба­кте­рии и ми­кро­ор­га­низ­ми ло­ши за чо­веч­ко­то те­ло. По­сто­јат при­ја­тел­ски ми­кро­ор­га­низ­ми, кои се дел од нор­мал­на­та ва­ги­нал­на фло­ра и учес­тву­ва­ат во од­бра­на од ин­фек­ции. Во слу­чај на пре­ку­мер­но ко­ри­сте­ње на ба­зе­ни­те, по­стои мож­ност, по­ра­ди хло­рот, таа рам­но­те­жа во ва­ги­на­та да се на­ру­ши. Во тој слу­чај че­ста е по­ја­ва на ва­ги­нал­на ин­фек­ци­ја, ко­ја мо­же да би­де пре­диз­ви­ка­на од си­те на­ве­де­ни ми­кро­ор­га­низ­ми.

 

dr Dimitar Kalcovski IMG_9499 (Custom) (2)

Д-р Калчовски: Не се си­те ба­кте­рии и ми­кро­ор­га­низ­ми ло­ши за чо­веч­ко­то те­ло

 

Да­ли днев­ни­те вло­шки и там­по­ни мо­же да би­дат при­чи­на за по­ја­ва на ин­фек ции?

КАЛЧОВСКИ: Днев­ни­те вло­шки и там­по­ни мо­же да би­дат при­чи­ни­те­ли на ва­ги­нал­ни ин­фек­ции до­кол­ку не се ме­ну­ва­ат че­сто и во за­вис­ност од ка­ков ма­те­ри­јал се на­пра­ве­ни. Се пре­по­ра­чу­ва да се ме­ну­ва­ат на се­кои че­ти­ри до шест ча­са би­деј­ќи мен­стру­ал­на­та крв на нив е до­бра под­ло­га за рас­те­ње и за разм­но­жу­ва­ње на ба­кте­ри­и­те. По­ра­ди бли­ски­от кон­такт до ва­ги­нал­на­та слуз­ни­ца че­сти се вос­па­ле­ни­ја на ко­жа­та и на слу­зо­ко­жа­та. Тре­ба да се вни­ма­ва вло­шки­те и там­по­ни­те да би­дат од при­род­ни ма­те­ри­ја­ли, не од син­те­тич­ки. Тре­ба да се вни­ма­ва мно­гу на лич­на­та хи­ги­е­на.

 

Сѐ по­че­сто же­ни­те по­ра­ди лет­ни­те од­мо­ри се ре­ша­ва­ат да ко­ри­стат ал­чи­ња со кои ќе го од­ло­жат мен­стру­ал­ни­от цик­лус. Мо­же ли да ни об­јас­ни­те ка­ко се ко­ри­стат тие ап­чи­ња?

КАЛЧОВСКИ: Се­ка­ко де­ка мо­же да се од­ло­жи мен­стру­ал­ни­от цик­лус за вре­ме на лет­ни­те од­мо­ри, но прет­ход­но мо­ра да се на­пра­ви комп­ле­тен ги­не­ко­ло­шки прег­лед. До­кол­ку не се ди­јаг­но­сти­ци­ра­ат ни­ка­кви про­ме­ни мо­же да се ко­ри­стат со­од­вет­ни хор­мон­ски пре­па­ра­ти. Нај­че­сти­те пре­па­ра­ти со­др­жат ге­ста­ге­ни и тие се ко­ри­стат три-че­ти­ри де­на пред оче­ку­ва­ни­от цик­лус, па сѐ до­де­ка е по­треб­но, од­нос­но до­де­ка да за­вр­ши лет­ни­от од­мор.

 

Има ли огра­ни­чу­ва­ње, да­ли не­кои па­ци­ен­тки не сме­ат да ги ко­ри­стат ап­чи­ња­та?

КАЛЧОВСКИ: До­кол­ку за вре­ме на ги­не­ко­ло­шки­от прег­лед се утвр­ди по­сто­е­ње на ова­ри­јал­ни ци­сти и ту­мо­роз­ни про­ме­ни на ма­тка­та и на јајч­ни­ци­те, не се пре­по­ра­чу­ва ко­ри­сте­ње пре­па­ра­ти за од­ло­жу­ва­ње на мен­стру­ал­ни­от цик­лус.

 

Да­ли овие пре­по­ра­ки ва­жат и за мла­ди де­вој­ки во од­нос на ап­чи­ња­та за од­ло­жу­ва­ње на цик­лу­сот?

КАЛЧОВСКИ: Кај пом­ла­ди­те де­вој­ки би би­ле мно­гу пов­ни­ма­тел­ни во од­нос на овие ап­чи­ња. Би ги со­ве­ту­ва­ле, се­ка­ко, ако е тоа мож­но, да го исп­ла­ни­ра­ат од­мо­рот ко­га не­ма да има­ат цик­лус за да не ко­ри­стат ва­кви хор­мо­ни.

Кла­ми­ди­ја­та е нај­че­сто пре­нос­ли­ва се­ксу­ал­на ин­фек­ци­ја што мо­же да ги оште­ти ре­про­ду­ктив­ни­те ор­га­ни на же­на­та. Ка­ко се до­би­ва и кои се симп­то­ми­те?

dr Dimitar Kalcovski IMG_9523 (Custom) (3)

При ин­фек­ци­ја на кла­ми­ди­ја, прет­ход­но ди­јаг­но­сти­ци­ра­на со ми­кро­би­о­ло­шки бри­се­ви, се пре­по­ра­чу­ва ан­ти­би­от­ска те­ра­пи­ја по ан­ти­би­о­грам

 

КАЛЧОВСКИ: Кла­ми­ди­ја нај­че­сто е се­ксу­ал­но пре­нос­ли­ва бо­лест, пре­диз­ви­ка­на од Chlamidia Trichomatis. Не­со­од­вет­но тре­ти­ра­на ин­фек­ци­ја на­ста­на­та од кла­ми­ди­ја, мо­же да пре­диз­ви­ка бол­ка во дол­ни­от дел од аб­до­ме­нот, зго­ле­мен се­крет, кр­ва­ве­ње, сте­рил­ност и екто­пич­на бре­ме­ност. За­тоа таа тре­ба вед­наш да се ле­ку­ва, по­себ­но ко­га ќе се за­бе­ле­жат пр­ви­те симп­то­ми.

 

Кои се комп­ли­ка­ци­и­те ако не се ле­ку­ва? Ка­ква е те­ра­пи­ја­та за кла­ми­ди­ја?

КАЛЧОВСКИ: При ин­фек­ци­ја на кла­ми­ди­ја, прет­ход­но ди­јаг­но­сти­ци­ра­на со ми­кро­би­о­ло­шки бри­се­ви, се пре­по­ра­чу­ва ан­ти­би­от­ска те­ра­пи­ја по ан­ти­би­о­грам.

 

Ка­ква тре­ба да би­де пре­вен­ци­ја­та?

КАЛЧОВСКИ: Лич­на хи­ги­е­на на ге­ни­тал­ни­те ор­га­ни, ко­ри­сте­ње пре­зер­ва­ти­ви при се­ксу­а­лен од­нос и ре­дов­ни ги­не­ко­ло­шки прег­ле­ди, осо­бе­но при по­ја­ва на на­ве­де­ни­те симп­то­ми.

 

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска
Фо­то: Де­јан Стан­чев­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top