Македонските репрезентативци Иван Тричковски и Даниел Мојсов ќе имаат шанса да се пласираат во групната фаза од Лигата на Европа со својот тим од Кипар АЕК Ларнака.
Во третото квалификациско коло македонскиот двоец играше против гигантот Спартак Москва и во двата дуела беше подобар противник и славеше со вкупен резултат од 2-1. Откако првиот меч на Кипар заврши без победник 1-1, големиот фаворит потклекна на домашен терен во Москва откако загуби со 0-1. Стрелец на единствениот гол беше Иван Тричковски кој во 89. минута најпрвин избегна една офсајд замка, а потоа во манир на расен стрелец успешно ја протна топката под противничкиот гол.
Следниот противник АЕК Ларнака ќе го дознае утре откако ќе биде извршена ждрепката ви Нион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)