Попладнево е најдено возилото и телото на починатиот маж по кој полицијата и нуркачите трагаа откако на површината на езерото Калиманци исплови телото на младата Дуличанка Тања.С (31).
Пред да се случи несреќата, според официјални информации на надлежните служби брачната двојка имала расправија во куќата на жената и нејзините родители.
Мајката на починатата пријавила во полиција дека дошол нејзиниот зет Д.С. (41), по што почнале жестока расправија со нејзината ќерка. Се слушнал и вресок. Во еден момент брачната двојка од селото Дулица во општина Македонска Каменица влегле во автомобилот „Форд“ и заминале во непознат правец.
После неколку часа, рибари и полицаец кој патролирал во близина на патот Мак. Каменица-Кочани го забележал телото на починатата при што ги повикал колегите.
На брегот, во близина на пронајденото тело биле забележани и траги од патничко моторно возило, кои водат до езерото.
Безживотното тело на Тања.С. било однесено во делчевската болница каде лекарите констатирале смрт од давење а евидентирани се и траги од насилство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.