| четврток, 6 декември 2018 |

Тетовец се вратил со маларија од Мали, сега е во карантин на Инфективна

Дваесет и четири годишен тетовец со маларија е хоспитализиран во карантинската соба на Инфективна клиника, објави „Здравство24“.

Болеста ја донел од Мали каде работел неколку месеци. Првите симптоми ги добил во Тетово каде побарал помош на инфективното одделение. По прегледот веднаш бил препратен за Скопје каде му ја дијагностицирале најтешката форма на маларија. Здравствената состојба му е подобрена со земање на неопходната терапија. Во епидемиолошката анкета тетовчанецот кажал дека воопшто не пиел антималарици пред да замине на афричкиот континент. Епидемиолозите го вклучија алармот. За 5 месеци 5-мина заразени со ова тропско заболување што го пренесуваат комарци од кои еден е веќе починат.

Петмината заболени оваа година се млади на возраст од 21 до 35 години. Според податоците од епидемиолошките анкети, Скопје, Тетово, Гостивар и порано Куманово се градовите од каде доаѓаат заразените со маларија, кои претходно биле на привремена работа во некоја афричка земја. Епидемиолозите со апел до сите кои патуваат во ризични региони – Да бидат внимателни и подготвени за болестите кои ги демнат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top