Три лица загинаа, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи попладнево кај селото Требиште во Голо Брдо.
Од здобиените повреди на самото место починале Азем Карабрахами (21) од селото Мало Острени, неговата сестра Елена Бајрами (32) од село Тучепи и Муса Нуредини (35)од село Мало Острени, кој управувал со возилото.
Со тешки повреди се здобил Гентиан Сула (27) кој најпрво бил пренесен во Општата болница во Дебар, а по укажаната прва медицинска помош, бил префрлен на лекување во регионалната болница во пограничниот албански град Пешкопеја, 20 километри оддалечен од Дебар.
Несреќата се случила околу 15 часот, на влезот во селото Требиште, кога возачот изгубил контрола по што, возилото излетало од патот и паднало во бездна.
По отворањето на граничниот премин Требиште – Џепиште, жителите од Голо Брдо речиси секојдневно доаѓаат во Дебар да пазарат. Предност е и малата оддалеченост од дванаесеттина километри или временски, помалку од половина час.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун