Интернационалниот олимписки комитет вечерва го потврди додавањето на пет спортови за следните Летни олимписки игри во Токио.
Од Олимпијадата во 2020 година медали ќе се доделуваат и во бејзбол/софтбол, спортско качување, скејтборд, сурфање и карате кој е посебно интересен за Македонија поради потенцијалот кој го имаат нашите каратисти кои ќе можат да се борат за олимписка норма.
Петте дополнителни спортови ќе донесат уште нови дисциплини, односно комплети медали и стотина дополнителни олимпијци во споредба со ОИ во Рио кои започнуваат по два дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.